еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп со зголемена добивка во првиот квартал

Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп АД Скопје во првите три месеци од годинава остварила добивка од 4,2 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Истата споредено со истиот период претходната година е зголемена. Во 2023 година изнесуваше 3,5 милиони денари.

-Во тековната 2024 во однос на истиот период 2023 година има зголемување кај вкупните приходи и кај вкупните трошоци.

Вкупните приходи во 2023 година се зголемени за 18,18%, додека вкупните расходи бележат зголемување од 18,12%.

Зголемувањето на приходите се должи на приходите од заработената премија кои изнесуваат околу 72% од вкупните приходи. Бруто-полисираната премија во 2024 година бележи раст од 61.53 %, односно 173 милиони денари како резултат на порано обновени полиси во однос на минатата година.

Кај имотните класи на осигурување е остварен пораст во износ од 176 милиони денари со што се зацврсти овој вид на осигурување како доминантен во портфелот на нашето Друштво.

Пораст се оствари и кај класата здравствено осигурување.

Kај останатите класи портфелот е стабилен во текот на 2024 година.

Најголемо движење во вкупните трошоци бележат трошоците од настанати штети. Настанатите нето штети бележат зголемување од 52,67% или во апсолутен износ 33,02 милиони денари како резултат на намалување на бруто исплатени штети – дел за реосигурување, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија Осигурување Виена Иншуренс Груп лани со добивка и зголемени приходи

Се спојуваат ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп и Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковид-19 ја намали добивката на „Макпетрол“ и подружниците за 3,5 пати

Редакција

Кое е значението на празникот Цветници

Редакција

Зошто е подобро што побрзо да се продаде зградата на Еуростандард банка?

Редакција