29 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТромавата економија предизвика раст на невработеноста!

Тромавата економија предизвика раст на невработеноста!

Дека економијата не се движи во посакуваниот правец потврда дава и последниот монитор на Институтот за економски и политички истражувања Фајнанс Тинк во однос на макроекономските резултати кои ги испорачува земјава. Минимален економски раст, продлабочување на невработеноста, пад на производството на храна. Ова се само дел од негативните остварувања кои ги има македонското стопанство во последните три месеци од ланската година. Надлежните за економските политики пак велат дека неколку годишната криза си го стори своето, но си мерките и програмите за работа велат дека ја задржале економијата на стабилни нозе. Бизнисмените пак сметаат дека редно време е економијата да добие приоритет пред политиката.

Забавувањето на економијата започна особено неповолно да се одразува врз пазарот на трудот, невработеноста во четвртиот квартал од 2023 се зголеми на 13% од 12.8% во претходниот квартал. 

Вработеноста се намали на 45.5% од 45.7% во претходниот квартал, додека активноста на пазарот на труд опадна на 52.2% од претходните 52.4%. Во третиот квартал од 2023, инфлацијата се преполови на 3.4% на годишна основа, од 7.8% во претходниот квартал. Во четвртиот квартал од 2023, БДП се зголеми за 0.9% на годишна основа, со што целата 2023 заврши со еднопроцентен раст.

„Забавувањето е водено од намалувањето на глобалните притисоци кај храната и енергијата, од замрзнувањето на цените на избрани прехранбени производи, како и од исцрпувањето на преносот на инфлациските притисоци врз пошироката потрошувачка кошничка кој беше присутен во текот на годината. Забавувањето на економската активност кое отпочна порано, благо се интензивираше до крајот на годината, со што ги потфрли сите проекции. Главен двигател на забавувањето и понатаму е надворешната побарувачка, а продолжија да се намалуваат и бруто инвестициите (-20.5%), двете се резултат на забавената активност и негативните стапки на раст на економиите од главните трговски партнери“, велат од Фајнанс Тинк.

Од Владата се уверени дека економијата полека закрепнува и во периодот што следи ќе се почувствуваат ефектите од нивните политики. Властите велат дека секогаш се на страната на граѓаните и бизнисот и само како партнер им стојат на располагање, заеднички да креираат раст на економијата.

„Минатата година имавме експоненцијален раст на бројот на поддржани компании во зависност од 2021 година или за 107% повеќе поддржани компании или минатата година беа поддржани 433 компании во производствениот сектор. Целокупната поддршка дадена по основ на различни механизми се над 45 милиони евра. За прв пат преку Планот за економски раст почнавме наместо поддршка на инвестициите само на странските инвестиции да ги поддржуваме сите видови на инвестиции без разлика дали се тие домашни или странски и можам со гордост да кажам денеска дека навистина имаме што да покажаме како исход на оваа променета политика. Ова покажува дека Владата не е фокусирана само на еден од параметрите во економијата, а тоа е растот на БДП како макроекономска категорија, туку клучно е дали се поддржуваат компаниите“, велат од Владата.

Бизнис здруженијата се поагресивно настапуваат во последно време барајќи повеќе внимание да се посвети на економските полити. Стопанските комори не се соглсуваат во целост со изјавите на властите дека бизнисот е поддржан и дека се слушаат нивните барања. Како потврда за тоа се најавите дека стопанствениците од различни асоцијации, стопански комори и организации подготвуваат свои планови, платформи, стратегии за побрз економски раст бидејќи моменталната состојба во која се наоѓа македонската економија само ги дестимулира да продолжат со инвестициските планови кои треба да донесат развој на стопанството.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП