Карлос Тевес итно хоспитализиран, се пожалил на болки во градите

Легендарниот аргентински фудбалер, Карлос Тевес, итно е хоспитализиран во приватна болница во Буенос Аирес, откако се пожалил на болки во градите. Оваа информација со јавноста ја сподели клубот чиј тренер е во моментов, Индепендиенте.

Од клубот велат дека првичните прегледи се задоволувачки и дека нема проблем со срцето или некој друг витален орган, но се уште се чекаат резултатите од деталните прегледи.

Карлос Тевес во 2022-рата година ја заврши играчката кариера како фудбалер на Бока јуниорс, неговиот матичен клуб во кој и ја започна кариерата во 2002-рата година. Во тие 19 години играше и за Коринтијанс, Вест хем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Јувентус и Шангај. За репрезентацијата на Аргентина забележа 76 настапи на кои постигна 13 гола.

Најголемиот успех во кариерата го имаше во 2008-мата година, кога со Манчестер јунајтед ја освои Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести