Најинтересно за мене од почетокот на кампањата за претседателските избори, гледаме дека СДСМ има нов лидер. Тоа е Стево Пендаровски, рече поранешниот амбасадор Ивица Боцевски во вечерашната дебата во „Топ тема“.
„Очигледно е тој ја води кампањата на СДСМ за парламентарните избори. Во центарот на кампањата на СДСМ за парламентарните избори е Стево Пендаровски. Тој зборува како кандидат за премиер, тој му се обраќа на Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски никаде го нема“, истакна Боцевски.
Според него, „Пендаровски ја прави мобилизацијата на гласачите на СДСМ и во моментот го глуми Зоран Милановиќ“.
„Гордана Силјановска Давкова, согласно нејзиниот интелектуален, животен, филозофски габарит, јасно е дека оди далеку надвор од гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ, односно се отвора кон една граѓанска Македонија, презентира еден граѓански концепт кој што ги надминува етничките граници, политички граници, итн. Исто како што го презентираше тоа во Собранието на Република Македонија во овие четири години и низ нејзината кариера. Знали не станува збор за личност која сега ја запознаваме“, истакна Боцевски.
За Силјановска рече дека води две битки против историјата на Македонија – досега никогаш не била избрана жена за претседател и што е многу интересно, кандидат на опозицијата никогаш досега не бил избран за претседател.