Top Sport

Нагелсман ќе ја предводи Германија и по Европското првенство

Јулијан Нагелсман најверојатно и по Европското првенство ќе остане селектор на Германија. Германскиот фудбалски сојуз работи да го задржи младиот стручњак на таа позиција.

Нагелсман ја доби довербата на челниците на националниот Сојуз. Неговата селекција бележи добри резултати пред претстојното Европско првенство.

Ова за „ЗДФ“ го потврди и претседателот на Федерацијата, Бернд Нојендорф по победата над Франција (2:0) во пријателскиот натпревар во саботата.

„Би било апсолутно пожелно од наша страна да го продолжиме договорот со Нагелсман. Ние сме добар тим, добро се согласуваме, во интензивен дијалог сме“, изјави претседателот на Германскиот фудбалски сојуз.

Нагелсман веќе посочи дека не ја исклучува можноста да остане на функцијата и по ЕУРО 2024 година.

Scroll to Top