Top Sport

Сите Хрвати славеа, Јурановиќ го тешеше својот соиграч од Селтик

Додека хрватските фудбалери го славеа пласманот во четврт-финалето на Мундијалот во Катар, дефанзивецот Јосип Јурановиќ остана на центарот на теренот и не се приклучи на прославата.

Причината? Неговиот соиграч од шкотскиот Селтик, стрелецот на голот за Јапонија, Даизен Маеда, кој беше во солзи, така што Јурановиќ реши прво да проговори со својот соиграч. Секоја чест!

Scroll to Top