Поврзете се со нас

НБА

Перкинс: Леброн никогаш повеќе нема да освои титула…

Објавено

на

foto: twitter.com/RealGM

Денвер Нагетс славеше на уште еден натпревар против Лос Анџелес Лејкерс и е на добар пат да обезбеди пласман во втората плејоф рунда на Западот.

Клубот од Колорадо води со 3-0 во серијата и ако слави на следниот меч втора година по ред ќе му даде „метла“ на составот од Лос Анџелес што дефинитивно не е мала работа ако се земе предвид дека таму играат асови како Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Новата лекција на Денвер донесе доста реакции, а една од нив беше од шампионот од 2008 година, Кендрик Перкинс кој испрати јасна порака на социјални мрежи.

-Леброн никогаш повеќе нема да освои титула, освен ако Јокиќ предвреме не се пензионира, -напиша Перкинс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни