Кристијано Роналдо откри кој е дефанзивецот против кого му било најтешко да игра: „Не ми даваше ниту да дишам“

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, е ноќен кошмар за противничките дефанзивци, но Португалецот открива против кој фудбалер му било најтешко да игра.

„Низ годините водев големи битки со дефанзивците. Тој човек не ми даваше ни секунда да дишам. Беше многу упорен, а кога веше во врвот на кариерата, беше брз и цврст во дуелите. Знаев дека против него никогаш нема да биде лесно. Дефинитивно, Ешли Кол е најтешкиот противник против кого сум играл“, рече Кристијано Роналдо.

Кристијано Роналдо во Премиер лигата играше само за екипата на Манчестер јунајтед, и тоа во два наврати. Многу поуспешен за него беше оној првиот, од 2003 до 2009 година, кога под водство на сер Алекс Феркусон освои сè што можеше да се освои, а потоа за 94 милиони евра беше продаден на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести