Судијата Болтаузер признал дека е крадец и ја платил казната

Голем скандал ја потресе регионалната и европската кошарка по обајвеното видео во кое се гледа како словенечкиот судија Матеј Болтаузер краде парфем на белградскиот аеродром.

Словенецот не се огласи во јавноста, но Црвена Звезда преку клупско соопштение обелодени дека овој судија ја признал вината, плаќајќи ја казната. Српскиот првак побарал од министерството „дозвола за објавување на информација од јавен карактер“, по што „црвено-белите“ попладнево објавија документ со кој се докажува не само дека Молтаузер признал дека крадел парфеми, туку и ја платил предвидената казна.

Тој не само што ја платил украдената роба во висина од 25.900 динари, туку и платил дополнителни 30.000 динари во хуманитарни цели.

Од Министерството за Внатрешни Работи се наведува дека кривичната пријава против Словенецот е поднесена на 25 април и во најкратен рок ќе биде донесена одлука по истата.

Се вчитува...