Симеоне синоќа тргна да се тепа со директорот на Борусија Дортунд (Видео)

Атлетико Мадрид синоќа во првиот четвртфинален натпревар со 2:1 ја совлада Борусија Дортмунд, а во жешката и тензична атмосфера попуштија нервите на тренерот на шпанскиот тим, Диего Симеоне.

Симеоне во еден момент влезе во вербална расправија и почна да го турка директорот на Борусија, Себастијан Кел. Причина за ова е дуелот на теренот меѓу Родриго де Паул од едната и Емре Џан од другата страна, по која капитенот на Борусија остана да лежи на теренот по прекршокот на Аргентинецот.

 

На клупата на Борусија не ѝ се допадна тоа што играчите на Атлетико не ја исфрлија топката од игра и почнаа да протестираат. Во тие моменти, Симеоне дојде до Кел и неколку пати го оттурна со рацете, но, за среќа, беше спречен поголем инцидент.

Неколку минути подоцна имаше слична ситуација, но со спротивни улоги. Овојпат, играчот на Атлетико, Пабло Бариос, остана да лежи на теренот, а фудбалерите на Борусија продолжија да играат и не ја исфрлија топката во аут.

- Оглас -

Најнови вести