Наш ИзборНаш изборОхрид

Ученикот Бобан Кочески се здоби со меѓународно признат сертификат од ЕК и Универзитетот во Истанбул

Ученикот Бобан Кочески од IV-3 клас во периодот од 10.03 до 16.03.2024 година учествуваше на Еразмус+ проект Green All Together – GreAT на тема: екологија, микропластика и иновации за одржлив развој, кој се одржа во Мадрид, Кралство Шпанија.

Проектот беше во организација на Истанбулскиот универзитет. За своето учество Бобан Кочески се здоби со меѓународно признат сертификат од Европската комисија и Универзитетот во Истанбул.

За време на посетата учесниците беа примени и од градоначалникот на општина Лас Розас де Мадрид.

 

ОЕМУЦ ” Св.Наум Охридски”