Почетна Политичка теологија Матевски: Шокантно е малди свештеници да го сметаат признавањето од Вселенската патријаршија како некакво погрчување
Матевски: Шокантно е малди свештеници да го сметаат признавањето од Вселенската патријаршија како некакво погрчување

Матевски: Шокантно е малди свештеници да го сметаат признавањето од Вселенската патријаршија како некакво погрчување

1.47K
1

Професорот на Филозофскиот факултет, Зоран Матевски на дебатата за улогата на религијата во современото општество сподели детали од последното истражување правено на тема за автокефалноста на МПЦ-ОА межу свештеници од црквата, за кое вели дека дало шокантни и поразителни резултати.

-Добив шокантни податоци дека некои свештеници го сметаат признавањето на МПЦ од Вселенската патријаршија некој начин како погрчување, на некој начин враќање на оние сеништа од минатото во кои ние ќе бидеме вазали. Шокантно и тоа од млади свештеници да го слушнете тоа, тоа е навистина шокантно. А сосема е во ред Москва, Руската црква и идејата дека Русија треба да биде Третиот Рим. Како и да е поделбата на патриоти и непатриоти, на гркофили и русофили, ја гледте и овде и тоа треба да се избегне, вели професорот Матевски.

Тој потенцираше дека во моментов има има длабока поделеност во црковното ткиво.

-Едни се за целосно признавање на автокефалниот статус, а другите очигледно се да останеме на овој Томос од СПЦ, со кој многу се манипулираше, иако на почеток тоа беше дека тој Томос е само чекор кон Вселенската Патриајршија. Она што не е добро, е што таа поделба се чувствува и кај верниците, вели Матевски.

Зборуваше и за секуларизацијата, за која вели дека е само во законите, а во пракса црквата и државата функционираат испреплетено.

-Секлуаризација во буквална смисла на зборот ние немаме, вели Матевски.

Коментар(1)

  1. Денес секоја будала со каква било диплома се самонарекува експерт за еклисиологија. Ајде, филозофе, кој беше прочуениот антички скулптор што го повика сандаларот кој прво се обиде да го исправи при изработката на сандалите на неговата скулптура, но потоа отиде многу подалеку, посегајќи по анатомијата на човековото тело, возгордеан од честа да советува еден така голем уметник, па слушна: “Сандалару, остани кај сандалите!” Дегутантно е да се чуе и да се види кој се’ е подготвен да се валка во калта кај што мисли дека светкаат бисерите од Христовото Евангелие, значи Светоста на Црквата!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *

02-newstube-banner-728×90