Регион

Тешка сообраќајка во Струмица – има повредени

На 9.2.2024 во 19.45 часот во СВР Струмица е пријавено дека на раскрсницата од улиците „Климент Охридски“ и „Братство- eдинство“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.М.(20) од село Сачево, струмичко, и мотоцикал управуван од М.Д.(18) од село Седларци, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Препорачуваме:

Во прифатните пунктови за бездомници во кругот на Црвениот Крст во Струмица засега нема згрижено лице

Стојне Митева

Нови 52 ковид-позитивни во Струмица

Сузана Мицева

Ποдготовки за реализација на проектот „Рехабилитација на патот Гевгелија-Богданци-Фурка-Дедели“

Сузана Мицева