Дачиќ: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница, се прашувам Османи во чие име зборува

by Fokus

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ вели дека е интересно што македонскиот претседател Стево Пендаровски не бил информиран дека Македонија ја поддржала резолуцијата за Сребреница.

На новинарско прашање за изјавата на македонскиот минстер Бујар Османи, дека земјата ќе излезе од иницијативата Отворен Балкан, Дачиќ рече дека тоа се предизборни изјави.

„Ако македонскиот претседател не знае дека Северна Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница, што можам да ви кажам следно? Само прашувам дали тој (Бујар Османи) зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ“, одговори Дачиќ на новинарите.

Тој нагласи дека се работи за неселективна правда и дека не можат само Хутите и Србите да бидат етикетирани како геноцидни нации.

„Нема таков геноцид што не го извршиле земјите што ја потпишале оваа резолуција и сега тие ќе ни држат предавања за тоа. Ако силата може се, ние ќе се бориме колку што можеме“, рече Дачиќ.

Поврзани новости