СИЛНО ЗАТРЕСЕ ВО ГРЦИЈА: Земјотрес со јачина од 4,3 степени во близина на популарно летувалиште

од Vladimir Zorba

ЗЕМЈОТРЕС со јачина од 4,3 степени ја погоди грчката провинција Тесалија вечерва нешто пред 20 часот по локално време, објавија денеска грчките медиуми.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри на околу 22 километри југо-југозападно од островот Скијатос во Егејското Море и на околу 108 километри северо-северозападно од градот Перистери, објави Националната опсерваторија на грчкиот геодинамички институт. .

Засега нема информации за материјални штети, повредени или други последици од денешниот земјотрес.

Слични содржини