Ново чудо на Леверкузен, Аталанта испиша историја (Видео)

Баер Леверкузен и Аталанта ќе играат во финалето на Лигата Европа на 28 мај во Даблин.

Германските Фармацевти ни вечерва не го претрпеа првиот пораз сезонава, одиграа 2-2 со Рома и тоа беше доволно да одат во финале благодарение на триумфот од 2-0 во Рим пред една недела.

Во Леверкузен се славеше, остануваат со надеж дека цела сезона ќе бидат непоразени во сите натпреварувања, што ќе беше единствен ваков случај во историјата на европскиот фудбал.

Рома водеше 2-0 со два гола од пенал на Паредес, а во 82-рата минута Леверкузен даде среќен гол кој ја преполови негативата, па Станишиќ израмни во 84-та минута.

Аталанта со 3-0 беше подобра од Марсеј и оди во своето прво европско финале со надеж дека ќе обезбеди место во ЛШ за следната сезона.

Ова е автоголот на несреќниот Манчини, кој најави дека Германците ќе останат непоразени и вечерва:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести