Економија 05.03.2024 12:33

Економист на Светска банка: Инфлацијата забавува, но треба да се внимава

Економист на Светска банка: Инфлацијата забавува, но треба да се внимава

Проекциите укажуваат на забавување на инфлацијата, но централните банки треба да бидат внимателни, изјави Ивајло Изворски, главен економист на Светска банка за Европа и Централна Азија. Изворски за Н1 посочи дека секогаш постои загриженост дека движењето на цените може да се сврти, иако енергетската криза е зад нас.

„Различните ограничувања во трговијата се намалуваат, меѓутоа, секогаш постои загриженост дека големото зголемување на платите во Србија и земјите од Западен Балкан, Европа и Централна Азија може повторно да доведе до инфлација. ЕЦБ останува на ставот дека ќе продолжи да се придржува до рестриктивните монетарни политики додека не ја спуштат инфлацијата на посакуваното ниво. Тие се под притисок да попуштат порано, тоа би било голема грешка“, смета тој.

Централните банки, објаснува тој, ги даваат своите проекции за инфлацијата.

„Тие не се совршени, но ако проекциите упатуваат на забавување на инфлацијата и околностите го потврдат тоа, тогаш ќе го знаеме моментот и ќе видиме. „Проекцијата е дека инфлацијата ќе продолжи да паѓа, не може да се каже дека фактот што е намалена ќе гарантира дека ќе продолжи да паѓа, па централните банки треба да бидат на штрек“, вели тој.

()