ТЕРА

REKLAMA???

ДИМИТРИЕВСКИ: ОД ПРИЛЕП ЈА ИСПРАЌАМЕ ПОРАКАТА ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ

„Од Прилеп ја испраќаме пораката за обединување! На Македонија и е потребна нова опција која ќе ги обедини сите граѓани и ќе работи исклучиво за граѓаните – таа опција е Движењето ЗНАМ – За наша Македонија! Затоа на следните избори СДСМ ќе изгуби, ВМРО-ДПМНЕ нема да победи, а Македонија ќе добие претседател што го обединува народот“ рече претседателски кандидат на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски.

„Се залагаме да ги менуваме сите суштински процеси. Недозволиво е Македонија да биде мултиетничка држава како што некои ја нарекуваат. Македонија треба да гради мултиетничко општество на македонскиот народ и на сите граѓани кои живеат во неа, вклучувајќи ги притоа: Албанците, Турците, Ромите,  Власите, Србите, Бошњаците и сите останати.

Во оваа држава има место за сите, но притоа треба да се знае: доколку зависеше  оваа држава и нејзината независност од желбата на сите што се околу нас, ние денеска немаше да имаме своја и независна држава.

Во последните 30 години со багер се урива сето по ред и ништо ново не е создадено. Се менуваат едните со другите, младите си заминуваат, Македонија старее, а ние остануваме без идеја и без можност за натамошен развој. Затоа сметам дека беше потребно да се формира едно ново движење од граѓаните, како што е движењето ЗНАМ“ рече Димитриевски.

За Димитриевски, овие избори се суштинските за тоа каде понатаму, како и на кој начин ќе се движи Македонија, дали ќе останеме свои на своето или ќе се дораспродаде тоа нешто што останало од Македонија. Димитриески порача дека како татко на нацијата нема да дозволи Македонецот да биде граѓанин од втор ред, пренесува МИА и митингот во Прилеп.

Претходно Димитривски беше во посета на Демир Хисар и Кривогаштани, од каде што рече дека  поддршката од граѓаните ги мотивира уште повеќе.