Штипското Горно Маало ќе се реконструира, ќе добие нов урбан изглед и нови паркинг места

Започна уредувањето на заборавена површина на улицата „Тодор Чучков“, со што ќе се овозможи истата да се користи како паркинг површина, која зафаќа околу 600 квадрати. За истата одвоени се финансиски средства од буџетот на Општина Штип во вредност од еден милион денари. Градоначалникот Јораднов посочи дека сранува збор за тесно место во градот кое бара доплонтиелни пакинг позиции.

„Во горно маало на улицата Тодор Чучков, се работи на заборавена површина, се работи на истата за уредување поставување на павер елемнти и овозможување за истата да се користи како паркин површина, повеќе од 600 квадрати ќе бидат уредени во централното градско подрачје, имајќи во предвид дека станува збор за едно прометно место тесно грло во градот кое бара доплонителни паркинг позиции.“- изјави Јорданов

Инаку во изминатиот период се работеше на целосна реконструкција на улицата „Корушка“, со поставување на првиот асфалтен слој, а веќе во наредниот период ќе се постави и вториот.

„Горно маало, одвоени се доплолнителни милион денари од буџетот на Општина Штип за уредување на овој паркинг простор кој со годините наназад бил заборавен и неискористен.“ -додава Јорданов

Се работи и на неколку останати локации во Штип со што се уредуваат улици и тротоари, влезови пред станбени згради и слично.