Breaking News

Белорусија го забрани Дојче веле и го нарече екстремистички


– Белоруските власти денеска го прогласија белорускиот сервис на германскиот државен медиум Дојче веле за екстремистичка организација и ги забранија нејзините активности во земјата.


Тоа значи дека секој што произведува содржина за белорускиот сервис на Дојче веле потенцијално може да се соочи со затворска казна до седум години.


Секој што чита и реемитува написи на Дојче веле може да биде прогласен за виновен за прекршок или кривично дело, пренесе Бета.

Генералниот директор на Дојче веле, Петер Лимбург, ја критикуваше одлуката, оценувајќи дека обвинувањата против медиумот се неосновани и не ја одразуваат вистинската природа на работата на белорускиот сервис.


Белоруските власти веќе прогласија 199 организации за екстремистички и ја користат таа ознака за да ги задушат критиките во земјата.

На списокот се белорускиот сервис на Радио Слободна Европа и независната белоруска телевизија Белсат, која емитува програма на белоруски од полскиот главен град Варшава. јт/Фото: МИА архива .


Извор: МИА