Една од најпознатите анти-вирусни апликации на Linux ја доби својата прва стабилна верзија. ClamAV 1.0.0 им е достапен на корисниците, а оваа верзија доаѓа 20 години по почетокот со работа на проектот.

Како што би се претпоставило, ClamAV е апликација со отворен код и на неа придонесуваат повеќе програмери. Во главно започна како апликација за скенирање на имејл серверите, но во денешно време се користи за генерално скенирање и е достапна на повеќето платформи.

ClamAV не е стандардна апликација, односно не треба да се споредува со останатите. Истата не овозможува континуирано скенирање во позадината на компјутерот, па во главно се користи скенирање по потреба.

Од ова станува јасно дека ClamAV не е ни замислен како конкуренција на анти-вирусните апликации од познатите компании, па корисниците во главно го користат за скенирање на нивните сервери и слично.

Првата стабилна верзија од ClamAV донесува неколку подобрувања, иако како прва верзија со 1.0.0 ознаката, не се работи за многу новини. На апликацијата редовно се има работено со текот на годините, па сега програмерите сметале дека е спремна да се нарече стабилна.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаiOS 16.2 треба да донесе мало подобрување во прикажувањето на постарите известувања
Следна статијаNothing Phone (2) нема да биде претставен наскоро
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.