Јапонските навивачи објаснуваат зошто ги чистат стадионите по натпреварите во Катар

од Nikola Popovski

Јапонските навивачи ги освоија симпатиите на целиот свет со чистењето на трибините на стадионот по натпреварите на Светското првенство – но останува прашањето зошто го прават тоа?

Јапонските навивачи го собираат ѓубрето дури и на натпревари на кои не игра нивната репрезентација, па „Ал Џезира“ реши да ги праша навивачите зошто го прават тоа.

„Нашите срца се чисти, па трибините мора да бидат чисти. Тоа значи дека екипата ја достигна својата судбина“, рекол еден навивач по нивната неверојатна победа од 2-1 над Германија.

Голем број навивачи го спомнале и зборот „атаримае“, што во превод значи „изјавување на очигледното“.

Еден изјавил: „Она што нè научија е atarimae значи да ги оставиме работите почисти отколку што сте ги нашле. И дека секогаш треба да изразуваме благодарност“.

Друг навивач додал: „Тоа е затоа што тоа нè научија нашите родители, но и преку образованието“.

Интересно е што трендот на чистење го продолжија и навивачите на Мароко кои го чистеа нередот на стадионот, а навивачите на Австралија пред стадионот на кои играа нивните репрезентации.

„Тоа не е само дел од нивната фудбалска култура, тоа е дел од јапонската култура“, објасни новинарот Скот Мекинтајр за Би-Би-Си во 2018 година.

„Често слушате како луѓето велат дека фудбалот е одраз на културата. Важен аспект на јапонското општество е да се осигурамте дека сè е апсолутно чисто и тоа е случај на сите спортски настани“.

Да потсетиме, јапонските навивачи имаат историја кога станува збор за чистење на ѓубрето на светската фудбалска сцена. Во 2018 година, по срцепарателниот пораз во последните секунди од осминафиналето на Светското првенство против Белгија, тие заработија милионска почит кога ја исчистија арената Ростов во Русија.

И една година подоцна, тие повторно ја покажаа својата класа откако дел од навивачите собраа отпад во Роажон парк по победата на нивната репрезентација со 2-1 над Шкотска во групата Д на Светскиот куп за жени.

За жал, јапонската репрезентација денеска претрпе пораз од Костарика со резултат 1-0 и сега има скор од пораз и победа пред решавачкиот трет дуел во својата група.

Слични содржини