„Избор на продуцентот“: Ова е новитетот на Евросонг што ги плаши учесниците


Малме- Лани, Евровизија воведе промена во начинот на одлучување за редоследот во големото финале. Последниве години земјите кои се пласираа од  полуфиналето и „големата 5“, по случаен избор избираа во која половина од големото финале ќе настапат. Продуцентите на шоуто потоа одлучија каде тие изведувачи ќе настапат во првата половина (песни од 1 до 13) или во втората (песни од 14 до 26) од големото финале.

Минатата година беше воведена нова категорија “Producer‘s Choice (Избор на продуцентот). Изведувачите се извлекуваат по случаен избор според редоследот на нивната изведба, за да можат да настапата во првата половина на вечерта, во втората половина или нова опција по избор на продуцентот. Значи, ако изведувачот извлече „Избор на продуцентот“ по случајно извлекување – продуцентите на шоуто ќе можат да ја стават таа песна каде било во првата или втората половина од ноќта. Промената значи дека сега ќе има 6 места за избор во првата половина од ноќта, 6 во втората половина и 13 места избрани од продуцентите. На овој начин, продуцентите на шоуто имаат можност дополнително да ги истакнат сите песни во големото финале.

Кристер Бјоркман, минатогодишниот продуцент на Евросонг, ги објасни причините за тогашната промена: „Сè е да се создаде најдоброто можно ТВ шоу и да им се даде шанса на сите изведувачи да блеснат. Претходните години, со извлекувањето само на првиот и вториот дел од вечерта, можеше да се случи многу балади да завршат во истиот дел од шоуто или да бидат извлечени многу фаворити за изведба во истото време. Додавањето флексибилност со оваа нова опција ми дава можност да создадам уште подобар тек на различни темпо и уште повозбудливо големо финале“, рече тој.

Големите 5 веќе беа извлечени за редослед по нивната втора проба во саботата на 4 мај, а познато е само дека Шведска го извлекла првото место. Рангирањето на преостанатите четири земји кои имаат директтно учество во финалето ќе биде објавено вечерва, по 2. полуфинална вечер . Во финалето, од првото плуфинале во вторникот, се пласираа Србија, Португалија, Словенија, Украина, Литванија, Финска, Кипар, Хрватска, Ирска и Луксембург.

Секој од финалистите извлече една од трите опции од садот веднаш по шоуто, во живо на официјалниот евровизиски канал ТикТок. Преостанатите 10 квалификации од второто полуфинале, исто така, ќе извлечат од преостанатите опции во живо на TikTok по завршувањето на шоуто во четврток, 9 мај. Откако ќе бидат избрани сите 25 опции, продуцентите ќе го подготват распоредот за големото финале на 68. Евровизија во раните утрински часови во петок, 10 мај, а потоа ќе го објават на веб-страницата на Евросонг и каналите на социјалните медиуми.