Ајнтрахт се разбуди и ја прекина „црната серија“

Ајнтрахт по голема борба славеше над Аугсбург со 3-1, резултат со кој бундеслигашот од Франкфурт направи значаен чекор кон обезбедување место во европските купови за наредната сезона. Домашниот тим влезе во овој меч со серија до четири рунди без триумф во Бундес-лигата, а Ајнтрахт слабо го отвори и вечерашниот дуел ако се знае дека гостите по само 13 минути игра поведоа со голот на Варгас.

До крајот на првото полувреме мрежите мируваа, но затоа домашните фудбалери извонредно ги одиграа вторите 45 минути, носејќи им огромна радост на своите навивачи. Шаиби во 55. минута израмни на 1-1, а само шест минути подоцна Екитике донесе целосен пресврт. Аугсбург се обиде да стигне до израмнување, но гол падна на спротивната страна, откако Египќанецот Мармуш стрелаше прецизно во празна мрежа во 96. минута за печат на триумфот на домаќините.

Ајнтрахт на шестото место сега има шест бода предност во однос на седмопласираниот Аугсбург, ако се знае дека Бундес-лигата речиси сигурно ќе има пет претставници во ЛШ следната сезона, па дококлу тимот од Франкфурт го задржи овој пласман ќе биде дел од Лигата на Европа.

Се вчитува...