Љуботен го доби Камјани, висока победа за Влазерими Ј 1977, три бода за Зајази

Денес беа одиграни три натпревари од 9. коло од Третата македонска фудбалска лига – Запад.

Висока победа однесе екипата на Влазерими Ј 1977 откако на гостувањето во Боговиње славеше со 1:4 над Дрита. Првиот дел од мечот беше возбудлив и изедначен, а на полувреме гостите имаа 1:2. Резултатот го отвори Исмаили во 18. минута, а по четири минути Зендели погоди за 0:2. Ајдари брзо намали на 1:2 со што во вториот дел Дрита влезе со цел да го израмни резултатот.

Ибраими во 73. минута не дозволи изненадување и погоди за 1:3, а три минути подоцна Зендели со втор гол ги постави конечните 1:4.

Љуботен со головите на Антовски и Ибрахими славеа над Камјани со резултат од 0:2 на гостински терен во Камењане.

Зајази обезбеди три бода во дуелот до некогашниот прволигаш Напредок од Кичево на домашен терен со високи 3:0. Бленд Џемаили беше двоен стрелец, а вториот гол беше дело на Дардан Џеладини.