еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Фершпед со зголемена добивка во првиот квартал

Фершпед АД Скопје во првите три месеци од годинава остварил оперативната добивка од 24.597 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Остварените вкупни приходи за овој период изнесуваат 975.224 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период од 2023 година бележат пад од 5%.

Оперативните приходи изнесуваат 973.427 илјади денари и истите бележат пад од 5% во однос на оперативните приходи за истиот период од 2023 година.

Финансиските приходи бележат пораст во однос на истиот период минатата година.

Вкупните расходи се во износ од 948.909 илјади денари и истите имаат пад за 6% во однос на вкупните расходи за истиот период 2023 година.

Оперативните расходи изнесуваат 948.830 илјади денари и истите бележат намалување за 6% во однос на истиот период во 2023 година.

Финансиските расходи бележат пад во однос на истиот период минатата година.

Нето добивката по оданочување во анализираниот период 22.812 илјади денари, и истата е зголемена во однос на истиот период од 2023 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фершпед лани со добивка

Заменик генералниот директор на Фершпед, Иван Петровски, поднесе оставка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Симптоми, заштита и лекување на мајмунски сипаници: Препораки од Министерство за здравство

Редакција

За викендот сончево и топло, до 19 степени

Редакција

Комплетиран составот на Управниот одбор на „Сава пензиско друштво“

Редакција