Одбојкарскиот тренер Џејсон Мејсер (22), кој беше обвинет за силување на одбојкарка во гимназијата каде што работел, се самоубил. Мејсер работел како тренер во два клуба на Лонг Ајленд, каде што, според полицијата, во два наврата, на 7 февруари и на 7 март, силувал 15-годишно девојче, поради што бил уапсен.

Обвинетиот истиот ден добил отказ, а на судењето ги негираше обвинувањата. Тој веднаш платил кауција од 75.000 долари, а потоа бил ослободен.

Мајсер откако го исплатил тој износ, истата вечер скокнал под воз. Неколку часа подоцна, истражителите објавија дека пронашле проштална порака што ја оставил непосредно пред да се самоубие.