Палевски набрзо во Шутка:Турција официјално одобри екстрадиција на осомничениот убиец на малата Вања

Палевски набрзо во Шутка:Турција официјално одобри екстрадиција на осомничениот убиец на малата Вања

Љупчо Палевски Палчо набрзо затворот во Турција ќе го замени со оној во Шутка. Турските власти официјално ја одобрија екстрадицијата на осомничениот убиец на малата Вања и велешанецот Панче Жежовски. Министерот за правда Кренар Лога во телефонски разговор за Алфа потврди дека завршен бил судскиот и административно дел, останувал само техничкиот, односно Палевски ќе биде донесен откако ќе се организира авионскиот лет во координација со МВР.

Не е познато дали ќе биде вратен во текот на наредните 24 часа, но едно е сигурно дека наредните денови Палевски ќе биде спроведен во истражниот затвор Скопје, според одлуката на кривичниот суд од пред неколку месеци.

-Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски, напиша Лога.

За екстрадицијата на Палевски е чекаше речиси пет месеци, откако беше уапсен во Баликесир, Турција на трети декември. Тој е првоосомничен, заедно со уште петмина за убиството и киднапирањето на малта Вања Ѓорчевска и велешкиот фризер Панче Жежовски.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )