Кинескиот претседател доаѓа во дводневна посета на Србија

Првиот човек на Кина, претседател Си Џинпинг ќе има ја посети Европа од 5 до 10 мај. Пти тоа тој ќе ги посети Франција, Србија и Унгарија. Ова го потврдија од кинеското Министерство за надворешни работи.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе го угости претседателот на Кина и тоа два дена на 7 и 8 мај, потврди кабинетот на претседателот на Србија.

Претседателот Си ќе разговара со Вучиќ за да разменат мислења за билатералните односи и да разговараат за подобрување на односите меѓу Кина и Србија

Инаку, билатералните односи со Франција одржаа силен импулс на раст, а двете земји имаа стратешка комуникација и практична соработка, рече портпаролот Лин Џијан, говорејќи за посетата на Си на Франција.

-Кина со нетрпение очекува да работи со Франција за дополнително зајакнување на меѓусебната политичка доверба, солидарност и соработка, рече Лин.

Тоа ќе биде прва европска турнеја на кинескиот претседател по пандемијата на Ковид.

Претходна вестОсмани: Понижување е да се договараат коалиции без да се слушне волјата на народот
Следна вестОд ноќеска на полноќ не се менува само цената на ЕУРОСУПЕР БС-95