САД повторно активира дел од суспендираната странска помош за храна

Американската администрација одлучи да врати најмалку шест неодамна прекинати програми за странска помош, фокусирани на итна помош со храна, потврдија за Reuters шест извори запознаени со случајот.

Џереми Левин, вршител на должноста заменик-администратор на USAID и поранешен член на Одделот за владина ефикасност финансиран од Илон Маск, испратил интерна е-пошта со која бара враќање на финансирањето за Светската програма за храна во Либан, Сирија, Сомалија, Јордан, Ирак и Еквадор.

Дополнително, администрацијата продолжила со доделување средства на Меѓународната организација за миграции (IOM) во Пацифичкиот регион.

„Постојат многу засегнати страни и мораме подобро да го балансираме судирот на интереси. Ова е моја грешка и ја преземам одговорноста“, изјавил Левин, според изворите.

Одлуката за реактивирање на дел од помошта дошла по внатрешен притисок во администрацијата и Конгресот, додаваат изворите.

Инаку, Светската програма за храна во понеделникот соопшти дека САД ги информирале дека ќе го прекинат финансирањето на итната хуманитарна помош за 14 земји. Организацијата предупреди дека „доколку оваа одлука се спроведе, би можела да претставува смртна казна за милиони луѓе кои се соочуваат со екстремен глад.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни