Миовски погоди, но нема да игра во финалето на шкотскиот Куп

Бојан Миовски уште во 2. минута погоди во дуелот против Селтик во полуфиналето на Купот, но неговиот тим Абердин нема да игра во финалето, откако беше поразен на пенали.

Селтик успеа да направи пресврт и да поведе, но тимот на Миовски и да израмни во последната минута од средбата на 2-2. Потоа во продолжението Селтик повторно водеше со 2-3, но Абердин одново се спасуваше и на крајот мечот заврши со 3-3. Македонскиот интернационалец беше заменет во продолженијата.

На пенали Селтик успеа да слави, односно Харт да го одбрани седмиот пенал, и да го однесе својот тим во финалето.

Се вчитува...