„Јокиќ е како вештачка интелигенција… што повеќе знае за вас, така подобро игра против вас“

Денвер Нагетс ја загубија предноста од домашен терен уште на самото отварање на полуфиналната серија во разгирувањето за титула во Западната конференција во НБА лигата губејќи од Минесота Тимбервулвс во натпревар кој го одбележа младиот американски кошаркар Ентони Едвардс.

По поразот на Денвер, американскиот новинар Харисон Винд кој долго време го прати тимот од Колорадо, а особено најдобриот кошаркар на тимот – Никола Јокиќ смета дека ваквата околност ќе предизвика одговор од Србинот кој досега не сме го виделе.

„Очекувам дека во вториот натпревар од серијата Никола Јокиќ ќе одигра нереален натпревар со кој ќе прати порака. Јокиќ е како вештачка интелигенција, постанува подобар како што одминува серијата. Што повеќе знае за вас, така подобро игра против вас. Што повеќе пати се сретне со вашата одбрана толку подобро ќе игра.

Тој е попаметен од вашиот тренер, попаметен е од било кој во вашата екипа. Очекувам дека ќе почне да ја „решава“ одбраната на Тимбервулвс. Тој процес очекувам да започне во вториот натпревар од серијата“, вели Винд.

Се вчитува...