Христијаните го слават вториот ден од Христовото воскресение, Велигден

Православните верници денеска слават втор ден Велигден – Христовото Воскресение, најголемиот христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Денеска е Светол понеделник, втор ден Велигден, ден кога се прошири веста за воскреснувањето на Исус Христос. Со овој ден, започнува Светлата недела, односно неделата по Велигден, во која сите христијани го слават воскреснувањето.
И во овој ден продолжува славењето на Неговиот живот, со гозби и дружење. Доколку овој ден го поминете во веселба, радости и добро расположение, таква ќе ви биде и следната година, до наредните велигденски празници.

Христовото Воскресение Велигден се смета за најголем христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток кога, пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.

Лаура Стојанова М-Нет