Дерби меѓу Радовиш и Металург, Бисинов домаќин на Шампион, Младост оди кај Драчево

ФОТО: Телевизија М Нет

Овој викенд ќе се одиграт натпреварите од 8. коло од плеј-офот од Првата ракометна лига.

Колото ќе биде отворено вечерва во салата Круме Кепески во Скопје каде ќе се соочат Драчево и Младост од Богданци.

Утре лидерот Бисинов како апсолутен фаворит ќе го пречека тимот на Шампион кој е на дното од табелата, дербито ќе се одигра во Спортската сала „25-мај“ каде силите ќе ги одмерат Радовиш и Металург во дерби за второто место односно баражот.

Македонија ЃП на домашен терен ќе игра дерби од долниот дел на табелата со Јехона од Гостивар.

Ова коло ќе биде клучно пред се за второто место и баражот кој води кон можен пласман во ракометната елита на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет