5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКинезите ја покажаа својата верзија на мозочниот чип со кој сакаат да...

Кинезите ја покажаа својата верзија на мозочниот чип со кој сакаат да се натпреваруваат со Neuralink

Кинеската државна компанија Beijing Xinzhida Neurotechnology претстави чип кој на многу начини наликува на мозочниот чип на Neuralink.

Како што јави кинеската новинска агенција Ксинхуа, како што пренесува Ројтерс, чипот е всушност имплант за интерфејс на мозок-компјутер наречен Neucyber. Според моментално достапните информации, кинескиот чип бил тестиран на мајмун кој можел да ја контролира роботската рака користејќи ги само своите мисли. Сепак, засега нема информации дека чипот е тестиран на луѓе.

Според кинеската агенција, чипот користи технологија која е „независно развиена“ и се смета дека е првиот таков чип произведен во Кина.

Лансирањето на овој нов производ на годишниот форум Zhongguancun во Пекинг, фокусиран на технологија, јасно покажува дека Кина се обидува да ги достигне американските стартапи.

За потсетување, Neuralink неодамна покажа како функционира нивниот чип кога ќе биде вграден во човек. Иако оваа инсталација и употреба се всушност сè уште дел од тест фазата, таа и овозможи на јавноста да ги види потенцијалните можности на таквата технологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП