Како да го ограничите прикажувањето политичка содржина на Инстаграм?/ВИДЕО

30

Компанијата Мета неодамна имплементираше нова функција на Инстаграм и на платформата Threads која го ограничува прикажувањето на „политичка содржина“. Оваа одлука на суптилен начин беше објавена на Фејсбук, каде истакнаа дека сакаат да го подобрат корисничкото искуство на нивните платформи.

Според најавата, политичката содржина ќе биде ограничена во поглед на корисниците кои не ја следат страницата што ја објавува, додека корисниците кои следат одредени страници нема да бидат директно засегнати од ова ограничување.

Во согласност со дефиницијата за политичка содржина на самата апликација, ова вклучува теми како што се Владата, изборите и социјалните прашања кои имаат пошироко влијание врз заедниците.

Ова ограничување ќе влијае на препораките во картичката Истражувај (Explore), прикажување на содржината во news feed и предлозите за нови корисници. Функцијата за ограничување автоматски се активира на сите профили, но можно е да се исклучи според вашите преференции.

Подолу е краток водич за тоа како да го направите тоа:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by n1srbija (@n1srbija)