Breaking News

„ЕСМ Продажба“ потпиша договор за набавка на природен гас за февруари со „Балкан Јутилитис“


„ЕСМ Продажба” со бугарската компанија „Балкан Јутилитис” потпиша договор за набавка на природен гас за февруари за свои потреби, како и за потребите на други стопански субјекти во државата, информираат од компанијата.


Како што велат, на јавниот повик кој беше достапен за сите домашни и странски компании пристигнаа две понуди. Фирмата „Актаел” понуди цена од 99,83 eвра за мегават час, а фирмата „Балкан Јутилитис” понуди цена на природниот гас од 98,71 евра за мегават час.


-Понудените цени на гасот од страна на двете фирми ги опфаќаат сите трошоци за набавка на енергентот, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа. Овој факт го потенцираме со цел да се избегнат евентуални шпекулации кои би произлегле од цената на гасот на берзите во моментов, но во берзанската цена не се вкалкулирани сите споменати дополнителните трошоци кои произлегуваат од набавката, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа, велат од „ЕСМ Продажба”.

Вчера од „Макпетрол“ изјавија дека не сакаат да бидат параван во тендери за гас што фаворизираат една компанија.