ФОТО: Во каков стајлинг се појавија сопругите на претседателските кандидати

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денес во земјава се одржуваат седмите претседателски избори. Граѓаните ќе можат да гласаат за еден од седуммината кандидати.

Надица Димитриевска правото на глас го оствари утрово во елегантна црно бела комбинација во црни широки панталони, бело сако со бела блуза, црни штикли и црна ташна.

Елизабета Ѓоргиевска правото на глас го оствари попладнево во бел фустан со декоративни дупки, кремасто ременче на струкот, нежно розев часовник на раката и ташна со црно розева комбинација.

Валбона Османи правото на глас го оствари со темно плава комбинација, во темно плави широки панталони, темно плаво сако со копчиња, бела под сако маичка, крем штикли и мала ташна со црно сива и бела комбинација.

Елизабета Јакимовска правото на глас го оствари попладнево во комбинација на кремасто сако, бела полуролка, шарена марама и кафеава ташна.

Благојче Давков правото на глас го оствари во комбинација на темно плави фармерки со темно плава кошула и црно елече.

Нора Таравари правото на глас го оствари во комбинација на бордо фустан со големи виолетово бели цветови и кремасто палто со копчиња.