Актуелната пратеничка и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на средби со жителите на општина Гостивар побара да гласаат за кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска-Давкова.

Стојановска, придружувана од сопартијци и преставници на коалицииони партенри даде изјава во близина на градскиот пазар и напомена дека владее незадоволство од, како што рече, оваа поткупливи и за граѓаните незаинтересирана власт.

– Затоа на 24 април ќе го заокружат бројот 2, бидејќи професорката Гордана Силјановска Давкова го промовира концептот претседател за сите луѓе. Таа ќе биде на страната на народот, а не страната на елитите кои нè доведоа до ова. Македонија повторно ќе биде горда и повторно на сите нејзини граѓани, изјави пратеничката Дафина Стојаноска и член на потесното партиско раководство на ВМРО ДПМНЕ.

Таа оцени дека на градскиот пазар во Гостивар владее незадоволство и кај купувачите и продавачите.

– Едните затоа што производите ги продаваат по незадоволителни цени, другите затоа што производите ги купуваат по прескапи цени. И едните и другите се незадоволни од оваа власт, потенцира Стојаноска.