Ако бугарската полиција не им дозволи на Македонците да се доближат до споменикот на Гоце во Бугарија, тогаш зошто македонската полиција дозволува Бугарите да дојдат на гробот на Гоце во Македонија?

  • Фејсбук статус на Александар Симонов – Координатор на Левица – Сектор Надворешна политика

Ако бугарската полиција не им дозволи на Македонците да се доближат до споменикот на Гоце во Бугарија, тогаш зошто македонската полиција дозволува Бугарите да дојдат на гробот на Гоце во Македонија?

Кога се отвораше македонскиот културен клуб во Горна Џумаја (денес Благоевград), во програмата беше вклучено движење на поворката на неколку локации, една од нив беше положување на цвеќе од страна на Македонците на споменикот на Гоце Делчев.

Тогаш, од страна на бугарската полиција, на делегациите од поворката не и беше дозволено ниту да се доближи на споменикот на Гоце Делчев, а не да положи цвеќе (поради безбедносни причини). Истовремено, таму беа распределени навивачки групи, кои по повик на Џамбаски, требаше да направат инцидент (да не’ тепаат) доколку Македонците „се доближат“ до споменикот Гоце.

  • Да констатираме, Бугарската полиција ги заштити сопствените навивачки групи од инцидент, не дозволи на Македонците да се доближат до споменикот на Гоце, а во ЕУ и во Бугарија, никој не виде или оцени омраза од страна на Џамбаски, ниту пак сегрегација или дискриминација врз Македонците во Бугарија.

За два дена од сега, најавено е доаѓање на Бугари од Бугарија да положат цвеќе на Гробот на Гоце Делчев во св. Спас. Од страна на новинари е повикано што повеќе луѓе да се соберат околу црквата, а Комити традиционално ќе си го одбележуваат раѓањето на Гоце.

Полицијата на Спасовски (не велам македонската) веќе неколку дена патролира масовно околу сите приоди кон црквата св Спас, најавено е доколку македонците се соберат во поголем број и се обидат да дојдат околу гробот на Гоце, дека полицијата ќе интервенира жестоко (против својот народ), а доближување до гробот ќе добијат само официјално пријавените делегации.

  • Да констатираме, за разлика од бугарската полиција која не дозволи Македонците во Бугарија да се доближат до споменикот на Делчев, македонската полиција во Македонија ќе обезбедува слободен приод на Бугарите од Бугарија до гробот на Гоце. Истовремено на Македонците кои се надвор од делегациите нема да им дозволи пристап ниту близу црквата! Македонските, бугарските и авторитетите на ЕУ, секој кој повикува да се дојде на Гробот на Гоце надвор од делегацијата (или ќе биде таму присутен) се линчува како насилник, дискриминатор, небањат или како што уште не.

Да повториме: „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот.“ – Гоце Делчев.