Експлозија на воениот аеродром на Крим: Затворен дел од автопатот

од Vladimir Zorba

Во градот Џанкој, на Крим, се слушнале експлозии во околината на воениот аеродром во близина на овој град, изјавиле жителите, пренесува Укринформ.

Министерството за транспорт на Крим, под руска администрација, соопшти дека делот од автопатот Џанкој-Феодосија кај Џанкој е привремено затворен за сообраќај и дека е организирано заобиколување, пренесe РИА Новости.

Во соопштението на министерството не е наведена причината за затворањето на автопатот, а не се наведува дека дошло до експлозија кај Џанкој.

Слични содржини