Арсенал и Сити освен за титулата, голема борба водат и за фудбалер на Њукасл

Екипите на Арсенал и Манчестер сити водат голема битка за титулата во англиската Премиер лигата, но според медиумите од Островот, битка се води и за потписот на фудбалер на Њукасл.

Се работи за бразилскиот репрезентативец Бруно Гимараиш, кој настапува во средниот ред, а Артета и Гвардиола во него гледаат големо засилување за следната сезона.

Неговата откупна клаузула изнесува 100 милиони фунти, сума која се претпоставува дека нема да биде проблем ниту за едната, ниту за другата екипа, но интерес за Бразилецот има и од ПСЖ, кој посакува да го врати во Франција.

Бруно Гимараиш пред да дојде во Њукасл, настапуваше и за Атлетико Параненсе и Лион.

- Оглас -

Најнови вести