Спасени двајца велосипедисти кои се изгубиле на Беласица

Од планината Беласица вчеравечер, околу 19:30 часот, пронајдени се двајцата велосипедисти за кои претходно попладнето било пријавено оти се изгубиле, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Исчезнувањето на велосипедистите било пријавено вчера попладне во 16:50 часот во регионалниот Центар за управување со кризи Струмица на единствениот број за итни повици 112. По добиената пријава, како што додаваат од ЦУК, во контакт со двајцата велосипедисти стапила патрола од гранична полиција.

Велосипедистите биле спуштени од планината околу 19:30 часот и биле спроведени на безбедно пред да се стемни.

Total
0
Shares
Поврзани објави