Макрон до Нетанјаху: Мора да прекине страдањето на цивилите во Појасот Газа
- Францускиот претседател Емануел Макрон му рече денеска на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека мора да заврши страдањето на цивилите во Појасот Газа, повикувајќи на прекин на огнот што ќе овозможи ослободување на заложниците и „отворање на сите премини за хуманитарна помош“.

Париз, 15 април 2025 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон му рече денеска на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека мора да заврши страдањето на цивилите во Појасот Газа, повикувајќи на прекин на огнот што ќе овозможи ослободување на заложниците и „отворање на сите премини за хуманитарна помош“.
„Прекин на огнот, ослободување на сите заложници, хуманитарна помош и конечно повторно отворање на перспективата за политичко решение со две држави. Во овој контекст, ја замислувам јунската конференција“, со која Франција ќе копретседава во ОН, „земајќи ги предвид безбедносните интереси на Израел и на сите во регионот“, напиша Макрон на платформата Икс.
Нетанјаху во телефонски разговор му рекол на Макрон дека формирањето на палестинска држава ќе биде „огромна награда за тероризмот“, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.
„За време на разговорот, премиерот (на Израел) силно се спротивстави на формирањето на палестинска држава, велејќи дека тоа ќе биде огромна награда за тероризмот“, се наведува во соопштението. рп/
Фото: МИА архива