Search

Серија А гласаше, останува со 20 екипи

Италијанската Серија А нема да работи на кратење на бројот на тимови кои ќе бидат дел од елитата. Иако имаше иницијатива од сезоната 2025/26 бројот на тимови да се намали од 20 на 18, сепак, истата не беше прифатена од мнозинството на клубовите на последното собрание на Серија А.

Серија А објави дека е потврден сегашниот формат на Лигата со 20 екипи по гласањето во Милано. На денешното гласање освен Милан, Интер и Јувентус кои беа иницијатори на евентуалните промени, само уште Рома гласаше за намалување на бројот на екипи во Калчото, додека останатите 16 клубови гласаа против.

Сепак, новите предлози за реформи во италијанскиот фудбал ќе бидат претставени до Италијанската фудбалска федерација во март.

Треба да знаете
Последни објави