Македонија

Директорката на Пластична хирургија: Третманите многу зависат од оштетувањето и лузните на кожата

-Имаме и хирурушки зафати за ставање експандери за експандирање на нормалната кожа за да се покрија лузните на лицето, рацете,… Го работиме тоа со години наназад, рече Ѓоргиевска Павловска.

Директорката на Пластична хирургија: Третманите многу зависат од оштетувањето и лузните на кожата

Директорката на Клиниката за пластична хиругија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска уверува дека се што има надвор од државата во однос на пластична хирургија, се нуди и на нашата Клиника.

Третманите многу зависат од оштетувањето и лузните на кожата.

-Од првиот ден се трудиме лузните на пациентите да ги превенираме и да ги сведеме на минимум. Ги советуваме пациентите како треба да се однесуваат со нивната веќе изгорена кожа која иако е заздравена, е многу нежна. Им препорачуваме хидратантни креми од медицинска козметика, без парфеми и бои, со заштитен фактор 50. Најдобро е воопшто да не излегуваат на сонце за лузните да не пигментираат. На сите пациенти им се дадени пакетчиња со креми за соодветен третман. Се имаме и ние што се нуди надвор. Имаме и хирурушки зафати за ставање експандери за експандирање на нормалната кожа за да се покрија лузните на лицето, рацете… Го работиме тоа со години наназад, рече Ѓоргиевска Павловска.

Најнови вести од Македонија

To top