Топлотен бран над Балканот и пошироко: Прашина и песок од Сахара – температури до 30 степени!

579

Нов облак од прашина и песок од Сахара доаѓа над Балканскиот Полуостров, вклучувајќи ја и Македонија, во недела и во понеделник, придружен со повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина и од над 60 км/час), прогнозира метеорологот Славчо Поповски. Тој додава дека поради тоа, атмосферата повторно ќе биде многу заматена, а времето ќе биде многу мачно, спарно и тешко, што секако особено лошо ќе се одрази врз метеопатите.

Времето ќе биде стабилно, суво и претежно сончево, а температурите ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 28 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели тие се очекува да се искачат дури над 30 степени. Со ова температурите ќе бидат дури за 10 до 15 степени повисоки од нормалните.

-Секако дека ова многу ретко се случува на самиот крај на март да не зафати ваков летен топлотен бран. Умерено опаѓање на температурите на воздухот, кој ќе бидат придружени со еден брз атмосферски фронт од север и од северозапад кој ќе донесе локална и краткотрајна дестабилизација на времето кај нас се очекува од вторник, вели Поповски.

Најзначајните последици од доаѓањето на облакот од сахарска прашина ќе бидат пораст на температурата, ограничена видливост, облачен дожд, а прашината и песокот се поврзуваат со здравствени проблеми.

Во текот на викендот заедно со невобичаено високите температури за овој период од годината, ќе имаме и висок УВ индекс.

– Висок УВ ИНДЕКС со коефициент 7, како и топол јужен и југозападен ветер не очекува времето викендов, како и во понеделник. Поради повторените изразени јужни и југозападни воздушни струи, од Сахара на наша територија повторно ќе се транспортира прашина и песок, така што атмосферата ќе биде облачно особено во недела и понеделник – вели Попоски. Во понеделник, додава, во Македонија, како и во регионоит би можело да се мерат температури толку високи за самиот почеток на април што многу долги години сме немале во тоа време толку високи температури на воздухот.

Инаку, облакот од прав од Сахара веќе се појави над источниот Медитеран и во изминатите два дена остави големи делови од Грција.

Медиумите информираа дека голем дел од земјата, вклучително и главниот град Атина, се сериозно погодени од прашината. Особено тешко бил погоден јужниот остров Крит. Нивото на прашина во воздухот во западните делови беше над 50 mg/m³, информираа локалните медиуми. Грчкото Министерство за здравство препорача старите лица, малите деца и оние со респираторни проблеми да ги намалат активностите на отворено на минимум.

-Истражувањето спроведено од грчки и странски научници идентификуваше цела листа на опасни тешки метали во сахарската прашина. Овој феномен е алармантен за општеството, бидејќи сахарска прашина во последните години се почесто доаѓа во Грција поради зголемената опустинување во Сахара. Според проценките, прашината и песокот кои патуваат од Африка до Грција носат токсични материи, како што се олово, цинк, хром, ванадиум, арсен и никел во многу поголеми количини отколку што се мислеше, пишуваат грчките медиуми.