Генерал полковник Игор Кирилов, шеф на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана (НБЦ), рано утринава излегувал од станбена зграда кога експлодирала направа скриена во скутер, соопшти рускиот истражен комитет.
Тие додаваат дека во експлозијата загинал и помошникот на Кирилов, пишува Би-Би-Си.
Во октомври, Велика Британија воведе санкции за Кирилов, велејќи дека тој ја надгледувал употребата на хемиско оружје во Украина и дејствувал како „значаен гласноговорник за дезинформациите на Кремљ“.
Во понеделникот, украинската тајна служба, СБУ, го обвини во отсуство, објавувајќи на Телеграм дека е „одговорен за масовна употреба на забрането хемиско оружје“.