Каков парадокс: Борусија Дортмунд ќе заработи повеќе ако загуби во финалето на ЛШ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Борусија Дортмунд против Реал Мадрид ќе се борат за пехарот во Лигата на шампионите, во финалето на „Вембли“ во Лондон на 1. јуни.

„Милионерите“ се пласираа во финалето откако го елиминираа ПСЖ, додека Реал Мадрид после победата над Баерн Минхен обезбеди ново финале.

Пред финалето се појави една парадоксална информација. Победникот од овој натпревар ќе заработи 20 милиони евра од УЕФА, меѓутоа парадоксот е тоа што Борусија Дортмунд ќе заработи 25 ако го загуби истото.

Станува бор за клаузула во договорот на Џуд Белингем, кој од Борусија Дортмунд минатото лето се пресели во Реал Мадрид. Во клаузулата стои дека ако Белингем го освои трофејот во Лигата на шампионите, „кралевите“ треба да му исплатат на германскиот тим дополнителен бонус од 25 милиони евра.