Занимливости Северниот Пол

Руси поставија светски рекорд со скок со падобран

Нашето решение засега е прототип, но сепак се поврзавме со сателитот од нашиот сервер и го извршивме преносот на податоци… Направивме мали чекори во таа насока и тоа беше нашата задача, рече Цаплин.

Руси поставија светски рекорд со скок со падобран

Истражувачи од Русија минатата недела поставија светски рекорд со скок со падобран спуштајќи од Земјината стратосфера над Северниот Пол. Мисијата служеше и како тест за нов прототип на комуникациски систем за употреба на Арктикот, изјави денеска организаторот Никита Цаплин.

Падобранците Михаил Корниенко, Александар Линик и Денис Јефремов скокнаа од авион „Иљушин-76“ на височина од 10.500 метри и слободно паѓаа две и пол минути пред да ги отворат своите падобрани на 1.000 метри од земјата. Сите тројца падобранци паѓаа со брзина од повеќе од 300 километри на час, на температура некаде и околу -50 Целзиусови степени, според Цаплин.

Михаил, Александар и Денис слетале во близина на руската поларна база „Барнео“.

Инаку, стратосферата е слој од атмосферата на Земјата којшто се протега од 10 километри (околу 8 километри на Земјините полови) до 55 километри. Комуникациите на Арктикот ќе стануваат сè поважни бидејќи Русија, САД и Кина се натпреваруваат за ресурси, трговски патишта и воена предност.

– Нашето решение засега е прототип, но сепак се поврзавме со сателитот од нашиот сервер и го извршивме преносот на податоци… Направивме мали чекори во таа насока и тоа беше нашата задача, рече Цаплин.

Компанијата, или системот „Иридиум“ – именувани по реткиот хемиски елемент, работи така што сателитите за комуникација се поставуваат во ниската орбита на Земјата – на височина од околу 781 километар (наместо вообичаените 33.000 км). На тој нов современ начин податоците се пренесуваат на помалите компактни уреди за илјадити дел од секундата.

Најнови вести од Занимливости

To top